Санта мраз со големина на Лондон се открши од Антарктикот (ФОТО)

Огромна санта мраз со површина од 1.550 квадратни километри, речиси голема колку Лондон, се открши од антарктичкиот леден гребен Брант минатата недела, објави британската организација за поларни истражувања БАС, додавајќи дека настанот не е предизвикан од климатските промени.

Фото: ЕПА

БАС на социјалните мрежи ги објави првите сателитски снимки од откршената санта мраз.

Големината на ледената формација отприлика одговара на големината на Лондон со предградијата. Истражувачите кажаа дека не веруваат дека климатските промени се одговорни за откршувањето како кај некои случаи во изминатите години. „Овој настан на откршување беше очекуван и е дел од природното однесување на ледениот гребен Брант. Не е поврзано со климатските примени“, кажа глациологот на БАС Диминик Хоџсон.

Пукнатината во ледената плоча, која истражувачите ја нарекуваа Казм-1, беше откриена пред повеќе години и од тогаш се прошируваше додека парчето мраз конечно не се одвои. Се очекува морската струја да ја однесе сантата мраз, која американскиот национален центар за мраз допрва треба да ја именува, долж антарктичкиот брег, како што се случи со претходните големи санти мраз.

Британските истражувачи на глечери ќе продолжат да го набљудуваат ледениот брег. Истражувачите минатата година како причина за откршувањето на голема санта мраз од 1.200 квадратни километри ги наведоа климатските промени бидејќи топењето на морскиот мраз значително се забрзува поради повисоките температури.

БАС управува со истражувачката станица на ледениот брег Брант на Антарктикот. Организацијата ја премести станица околу 20 километри кон внатрешноста на континентот во 2016 за да не биде загрозена од откршувањето на големите санти.

Истражувачите престојуваат во станицата во време на антарктичкото лето, кое трае од ноември до март, а остатокот од годината го минуваат во британскиот универзитетски град Кембриџ, каде ја набљудуваат областа користејќи сателитски снимки од ЕСА и НАСА, европската и американската вселенска агенција, и германскиот сателит Терасар-Икс. Ледениот брег Брант е една од највнимателно набљудуваните ледени плочи на Земјата.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе