САД тврдат дека кинеските дронови може да се користат за шпионирање

САД предупредија дека беспилотните летала произведени во Кина можат да се користат за шпионирање и да му овозможат на Пекинг „слободен пристап“ до податоците на оние што ги користат, во период на технолошко соперништво меѓу двете економски суперсили.

Како што објави Си-ен-ен, американското министерство за национална безбедност вчера издаде предупредување во кое истакнува дека беспилотните летала од кинеско производство носат „потенцијален ризик за податоците“.

Во предупредувањето не се наведува ниеден произведувач конкретно, но 70 отсто од цивилните дронови во светот ги произведува кинески ДЏИ.

Американската влада е „многу загрижена поради технолошките производи кои ги пренесуваат американските податоци на територијата на авторитарната држава и на разузнавачките служби им овозможуваат слободен пристап до тие податоци или нивна злоупотреба на друг начин“, се наведува во предупредувањето, како што пренесува Си-ен-ен.

Кина и САД се во трговска војна и се борат за технолошка превласт.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела во име на националната безбедност им забрани на американските компании да ја продаваат најновата опрема на Хуавеј, кој е осомничен за шпионирање во корист на Пекинг.

Основачот на Хуавеј, поранешен инженер во кинеската војска, повеќе пати ги отфрли обвинувањата.

Вашингтон вчера, како што изгледа, се обиде да ја спушти топката и најави воведување на санкциите откако ќе истече рокот од 90 дена.

„Безбедноста е мотивот во сѐ што работиме“, се одбрани ДЏИ во соопштение. „Нашата технологија ја мина независната проверка на американската влада и најголемите компании“, додаде најголемиот светски произведувач на дронови.

ДЏИ нема поголем конкурент во САД по повлекувањето на калифорниската компанија Гопро од пазарот. Таа превласт го загрижува Вашингтон – во 2017 година американската војска забрани употреба на дроновите на ДЏИ од безбедносни причини.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе