Едвај се гледа на забавена снимка

САД објавија тестирање на хиперсонична ракетна санка (ВИДЕО)

Военото воздухопловство на САД објави снимка од тестирање санка на ракетен погон, која ита со толку неверојатна брзина што едвај може да се види на забавена снимка.

Терминот ракетна санка се користи за платформа на ракетен погон која е поставена на шини, и која се користи за тестирање на компоненти на надзвучно вооружување, што вклучува системи за наведување и набљудување.

На снимката се гледа, ако добро се фокусира, како ракетната санка ита со брзина од 10.620 км/ч. Патува толку брзо што тешко е да се забележи дури и ако снимката значително се забави.

Воздухопловната база Холоман во Њу Мексико објави видео од успешното тестирање на ракетната санка која достигнала брзина од 8,6 мах. Не соопштија за какво тестирање станува збор, кога точно било извршено ни која е намената на санката.

Според информациите на американското министерство за одбрана, тестната платформа е долга 10 километри и се смета за најдолга таква во светот. се користи за тестирање компоненти на супер и хиперсонично вооружување.

И Груевски и Заев дојдоа како демократи, заминаа како автократи.

повеќе

Македонија од своето осамостојување постојано е на листата држави за чии граѓани е потребно да имаат британски визи доколку сакаат да патуваат во Обединетото кралство. 

повеќе

Една од особеностите на словенската јазична група е дека нема случај два народи да зборуваат еден ист јазик или барем тоа да е официјално признаено.

повеќе