САД набавуваат нови, моќни авиони: ќе бидат полни со оружје и најмодерна техника (ВИДЕО)

Американското воено воздухопловство планира да купи 12 најнови Ф-15Икс борбени авиони кои би требало да ја заменат застарената воздухопловна флота на моделот Ф-15Ц/Д.

Пентагон планира да побара 1,2 милијарди долари од воениот буџет за 2020 година за најновата верзија на млазниот авион стар неколку децении, јавува Дифенс блог.

Според податоците на Блумберг, одлуката за купување на новите авиони доаѓа од самиот врв на Пентагон, со дополнителен поттик од страна на заменикот министер за одбрана Пет Шанахен, но не и самото воено воздухопловство.

Интернет страницата Дифенс уан објави приказна за понуди од страна на Боинг, кој нуди напредна верзија на авионот Ф-15, и Локид Мартин, кој нуди хибридна верзија на борбените авиони Ф-22 раптор и Ф-35. Слична понуда веќе добиле и јапонските оружени сили.

Ф-15Икс, познат под прекарот „Јуришен орел на стероиди“, е најновата верзија на светски познатиот борбен авион Ф-15 игл. За разлика од претходната, оваа верзија би била опремена со подобра авионика и радари и би била способна да понесе повеќе десетици ракети воздух-воздух.

Цената исто така би требало да биде поповолна и пониска од 95 милиони долари колкава е вредноста на Ф-35А и секој час летање на новиот „игл“ би чинел 27.000 долари.

Боинг тврди и дека новата верзија на авионот е направена на начин што во служба може да биде со децении, бидејќи рокот на користење ѝ е 20.000 часа.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе