С-500 испробан на боиштето во Сирија: последниот тест пред сериското производство

Најновиот руски противвоздушен систем С-500 „прометеј“ бил испробан во воени услови во Сирија.

Тестирањето во екстремните климатски услови било последното пред почетокот на сериското производство на системот од кој многу се очекува. Досега проблемот на руските ПВО системи, како што истакнувала конкуренцијата, е тоа што не ги покажале своите капацитети во вистински воени услови.

Пред Сирија тестирања на С-500 биле извршени на неколку руски воени полигони во различни услови.

Руското министерство за одбрана и воено-индустрискиот комплекс не кријат дека за време на тестирањата експертите идентификувале „одредени проблеми“ во работата на системот, но дека тие брзо биле отстранети.

Како што наведува поранешниот заменик на главниот командант на военото воздухопловство на Русија за интегрираниот систем за противвоздушна одбрана ЗНД, генерал-полковникот Ајтеч Бижев, системот С-500 минал низ идеални услови за тестирање – сириското боиште, каде работел на голема жештина и каде во воздухот имало многу прашина.

Новиот руски противвоздушен ракетен систем е ефикасен во радиус до 600 километри. Може да открива и истовремено да гаѓа до десет балистички цели кои летаат со брзина до седум километри во секунда, а може да „лови“ и гаѓа и хиперсонични проектили.

Минхенската безбедносна конференција, која со децении служеше како силен симбол на силата на западното сојузништво, оваа година покажа дека јазот меѓу сојузниците е поголем од кога и да е.

повеќе

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе