НАСА пренесуваше во живо

Руските космонаути завршија седумчасовна прошетка во вселената (ВИДЕО)

Двајца руски космонаути минаа повеќе од седум часа во отворената вселена, пред Меѓународната вселенска станица (ИСС) за да ја подготват за пристигнувањето на новиот руски модул.

EPA-EFE

Првото излегување на Олег Новицки и Пјотр Дубов, кои во вселенската станица стигнаа во април, траеше 7 часа и 19 минути, а НАСА го пренесуваше во живо.

Космонаутите ја подготвија станицата за отклучување и отфрлање на модулот за спојување кој следниот месец ќе биде заменет со новиот повеќенаменски лабораториски модул Наука.

Ја исклучија антената и останатата опрема на модулот, и ја заменија плочата на регулаторот за проток на течност на системот за обезбедување топлотен режим на функционално-товарниот блок.

Двајцата Руси им се придружија на ИСС на астронаутите на НАСА Марк Ванде Хеи, Шејн Кимброу и Меган Мекартур, астронаутот на Јапонската агенција за истражување на вселената Акихико Хошиде, и астронаутот на Европската вселенска агенција Томас Песке.

Лансирањето на рускиот лабораториски модул Наука беше одложувано повеќе пати поради технички проблеми. Руските вселенски власти кажаа дека конечно ќе биде лансиран во јули.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе