Руските истражувачи целосно го декодираа геномот на ковид-19

Материјалот е земен од пациент со ковид-19.

Руски научници од Институтот за истражување на грипот Смородинцев успеаја да го декодираат првиот целосен геном на новиот коронавирус (ковид-19), информираше денеска руското Министерство за здравство.

„Специјалисти од Институтот Смородинцев за истражување грип со руското Министерство за здравство го секвенционираа првиот целосен геном на коронавирусот САРС-КоВ-2 во Русија од материјалот земен од пациент со ковид-19“, се вели во соопштението.

Вршителот на должноста директор на Институтот Смородинцев за истражување грип, Дмитриј Лиожнов, изјави дека генетското истражување ќе им помогне на научниците да ја разберат природата и еволуцијата на вирусот, што пак ќе придонесе за развој на вакцини и методи на лекување. „Овој коронавирус е нов за нас, затоа е клучно да се има можност да се утврди начинот на неговото ширење и влегување на територијата на нашата земја и начинот на кој вирусот се менува. Оваа информација ќе ни помогне да изработиме вакцини и антивирусни лекови за лекување на коронавирусот“, соопшти Лиожнов, пренесе Тасс.

Министерството за здравство информира дека податоците биле испратени до меѓународната база на податоци користена од Светската здравствена организација (СЗО) и водечките светски истражувачки тимови што ја следат глобалната еволуција на новиот коронавирус.

Кон крајот на декември 2019 година кинеските власти ја известија Светската здравствена организација (СЗО) за епидемија на претходно непозната пневмонија во градот Вухан, централна Кина. На 11 март СЗО официјално ја окарактеризира ситуацијата со новиот коронавирус (ковид-19) како пандемија. Болеста се рашири во 177 земји. Според последните информации, над 241.557 луѓе се заразија со вирусот на глобално ниво, а 9.982 починаа. Оздравеа 86.689 од заболените.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе