Свеченото предавање беше одржано на полигонот Капустин Јар во регионот Астраган, и, како што изјави генералниот ридектор на Алмаз Антеј Јан Новиков, ракетите земј-воздух биле веднаш тестирани.
Рускиот Систем-400 „триумф“ е наменет за уништување авиони, крстосувачки и балистички ракети на висини од 30 километри и на растојание од 300 километри, соопшти фабриката.
Само неколку дена откако НАТО членката Турција потпиша договор за набавка на руски системи С-400, повеќе земји покажаа интерес. Првин Катар изрази интерес за набавка на системи С-400 од Русија, а потоа и Саудиска Арабија.
Од друга страна, и покрај набавката на С-400, Анкара размислува за понатамошни преговори со европски конзорциуми, што би ѝ овозможило да развива сопствен систем за противвоздушна одбрана.