„Кинжал“

Рускиот хиперсоничен проектил снимен во акција на вежби во Црното Море (ВИДЕО)

Најновиот проектил на Русија, хиперсоничниот „кинжал“ бил снимен на голема воена вежба во Црното Море вчера. На снимката може да се види и друго руско оружје, како веќе познатите крстосувачки проектили „калибр“, пренесува Раша тудеј.

Снимката, на која се гледа како авион МиГ-31 го носи хиперсоничниот проектил, беше објавено од руското министерство за одбрана. Авионот ја испукува муницијата, и може да се види како проектилот неколку моменти исфрла искри. Проектилот потоа тргнува со помош на својот погон и го снемува.

Се проценува дека проектилите „кинжал“ се најмалку 10 пати побрзи од звукот, што значи дека е многу тешко, па дури и невозможно, да се пресретнат. Проектилите имаат оперативен дострел од најмалку 1.000 километри, а поради тоа што се лансираат од авион нивниот ефективен дострел е всушност и поголем, бидејќи носач на авиони може да ги донесе поблиску до нивната мета.

Иако досега руските хиперсонични проектили се монтираат само на застарениот руски пресретнувач МиГ-31К (к за кинжал), се очекува тие да бидат монтирани и на други авиони, како стратегиските бомбардери Ту-22М3, како и рускиот ловец од петтата генерација Су-57. Додека најновиот руски ловец ќе може да носи само по еден проектил, се верува дека Ту-22М3 ќе можат да носат барем четири вакви проектили.

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе

На 2 јуни во Црна Гора беше прогласен крај на епидемијата. Од првиот бран, земјата излезе со следниот биланс: 324 заразени и 9 починати лица.

повеќе