Исток 2018

Руски противвоздушни системи С-300 вежбаат спречување симулиран воздушен напад (ВИДЕО)

Руското министерство за одбрана објави нови снимки од воената вежба Исток 2018.

На спектакуларните снимки може да се види како систем С-300 се подготвува да лансира проектили на непозната локација за време на воената вежба Висток 2018 која трае до 17 септември. Проектилите се лансираат од нивните силоси и патуваат кон небото над шумата.

Придружувани од одбранбени системи Бук-М1 со среден дострел, С-300 системите можат брзо да ја напуштат лансирната позиција и да се префрлат на друга точка.

Покрај оваа снимка, руското министерство за одбрана објави и други снимки за промоција на воената вежба, најголемата во последните три децении. Во друго видео се гледа како батерија со тактички проектили „искандер“ лансира од полигон за вежби.

На Восток 2018 своите вештини ги покажаа и руските десантни сили. на снимката се гледа како војници се спуштаат по јажина во хеликоптери Ми-17 и со падобрани се спуштаат од транспортни авиони иљушин Ил-76.

Воените бродови вежбаа во поморската арена, заштитувајќи го крајбрежјето од замислен напријател.

На последната снимка може да се добие вистинска претстава за вистинскиот размер на воената вежба Исток 2018, која беше најавувана како најголема на руската војска по вежбите на Црвената армија во 1980-тите.

Црпнатиот Принц од Муртино и библиската земја.

повеќе

Денес спортот и спортистите се дел од политиката и служат како средство за препукување меѓу политичарите.

повеќе

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе