Објавена ексклузивна снимка

Руски пилоти ја тестираа најнапредната верзија на рускиот „летечки тенк“ Су-25 (ВИДЕО)

Русија ја унапредува својата флота сухои Су-25 јуришни авиони за да ја зголеми нивната ефикасност. Руската војска објави снимка од најновата верзија на оклопниот авион.

Screenshot

Су-25 е еден од најупотребуваните руски воени авиони, оставајќи белег врз десетици оружени конфликти од советската интервенција во Авганистан навака. Познат како „летечки тенк“ поради дебелата панцирна заштита и општата издржливост, примарната задача му е пружање воздушна поддршка на копнените сили и елиминирање значајни непријателски цели на бојното поле.

На видеото објавено од телевизискиот канал Звезда, официјалниот канал на руската војска, може да се види тестирањето на два Су-25СМ3. Снимано со повеќе камери од внатрешноста на кокпитот и однадвор, на снимката може да се види како авионите пукаат од оружјето и вршат борбени маневри.

Су-25 се бори за своето место во руската војка. Кога беше развен во 1970-тите, беше дизајниран како на многу брз авион но со моќен удар, кој за разлика од побрзите ловци-бомбардери има доволно време да го идентификува и елиминира непријателот и може да го издржи непријателскиот оган.

Сепак, дел од руските експерти сметаат дека во ерата на прецизни „паметни“ бомби и проектили, дојдено е времето за пензионирање на „фрогфут“, како што авионот е наречен од НАТО, и неговите мисии да го преземат суперсоничните авини и борбени хеликоптери.

Произведувачите на авионот на ваквите предизвици одговорија со нови надградби. Су-25СМ3 е најновата руска верзија на авионот-ветеран, надградена според борбените искуства стекнати во Сирија. Надградена е издржливоста со додавање дополнителни слоеви на одбрана од непријателски проектили, додаден е нов систем за нишанење во сите временски услови и може да носи поголем избор на модерни бомби и проектили.

Легенда под Главна слика

Screenshot

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе