Снимка од тестирање

Руски ловец Су-57 испукува проектил при речиси вертикално искачување (ВИДЕО)

Руските борбени пилоти ги вежбаат новите способности на рускиот ловец од петтата генерација сухој Су-57, соошти руското министерство за одбрана. На снимка од тестните летови може да се види како авион лансира проектил при речиси вертикално искачување, пренесува Раша тудеј.

Су-57 е најнапредниот руски авион кој може да се искачи право нагоре кон небото веднаш по полетување, благодарение на моќните мотори и најсовремената електроника која е неопходна да се задржи стабилноста при такви маневри.

Авионот во моментов се тестира во различни сценарија, вклучувајќи екстремно високо или ниско летање и маневрирање при нагло менување правец, исклучително важно во директни борби со непријателски ловци.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе