Руски борбен хеликоптер тестираше таинствено противоклопно оружје (ВИДЕО)

Најновата верзија на рускиот јуришен хеликоптер Ми-28 бил снимен како лансира најнова ракета која може да гаѓа и уништува оклопни мети на растојание од неколку километри, јавуваат руските медиуми.

Мил Ми-28НМ е во фаза на тестирање на тестен полигон надвор од Русија пред да влезе во служба во руските воздухопловни сили. Како дел од тестирањето е и најновиот противтенковски проектил кој бил прикачен на хеликоптерот за да се истражат капацитетите.

Оружјето е толку тајно што руската телевизија Звезда, полуофицијалниот канал на руското министерство за одбрана, кој го снимал тестирањето, морал целосно да го замагли. Називот е исто така воена тајна, а дизајнерот на хеликоптерот Ми-28 го нарекува „повеќенаменски наведуван проектил“ или ЛМУР на руски.

На снимката се гледа како хеликоптерот лета кон лажна мета и го лансира проектилот. За неколку секунди, голема експлозија целосно ја уништува метата.

Проектилот е наводно доволно моќен за да уништува непријателски цели на далечина од неколку километри, што значи дека екипажите ќе можат да гаѓаат од доволно далеку за да не мора да се изложуваат на непријателски оган.

Руските медиуми јавија дека военото воздухопловство треба да добие 100 хеликоптери од верзијата НМ на Ми-28. Напредната везија на најсовремениот руски јуришен хеликоптер има нов радар, дигитализирана авионика и стаклен кокпит, а ќе добие и нови високопрецизни оружја воздух-земја.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе