Руски бомбардери Ту-160 летаа 15 часа над Атлантскиот Океан (ВИДЕО)

Два стратегиски бомбардери тупољев Ту-160 извршија планиран лет над неутралните води на Баренцовото и Норвешкото Море, а и над Атлантскиот Океан, соопшти министерството за одбрана на Русија.

Летот на модернизираните Ту-160 „блекцек“ траел 15 часа. Екипажите на авионите извшриле дополнување гориво во воздух.

Телевизијата Звезда објави снимка од летот на руските бомбардери.

На одделни делови од летот руските стратегиски авиони ги следеле норвешки и британски ловци.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека пилотите редовно извршуваат такви летови, како и дека тие се извршуваат во согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор.

Првиот пробен лет на модернизираниот Ту-160 беше извршен на 2 февруари од аеродромот на казанската фабрика за производство на авиони Горбунов.

Сериското производство на Ту-160, кое почна во 1984 година во Казан, беше сопрено во 90-тите години од минатиот век, откако рускиот претседател Борис Јелцин во 1992 година ја прекина набавката на овие авиони. Работата на продолжувањето на производството почна во 1997 година – две летала беа склопени од стари делови сочувани во фабриката.

Стариот систем е неодржлив затоа што вродува со богатење на поединци наместо на општеството и граѓаните.

повеќе

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе