Прва мисија на Венера од советско време

Руската вселенска агенција го почна дизајнирањето на орбиталната станица Венера-Д

Русија го почна планирањето на изградбата на Венера-Д, вселенско летало кое треба да биде првото испратено од Москва до Венера од советско време. Првично планирано да биде здружена мисија со американска НАСА, најверојатно ќе биде само руска мисија.

EPA-EFE

Научниот директор на рускиот Институт за вселенски истражувања Лев Зелени за агенцијата ТАСС објасни дека леталото ќе биде лансирано во 2029 година, доколку сè оди според планот.

„Техничкото дизајнирање на проектот почна“, кажа тој, по средбата на Руската академија на науки и руската вселенска агенција Роскосмос.

Руската програма за Венера треба да вклучува три посебни мисии, а Венера-Д ќе биде првата. Орбиталната станица ќе ги проучува површината, атмосферата, внатрешната структура и плазмата што ја опкружува планетата.

По ова, треба да следуваат два накнадни лета во 2031 и 2034 година. Последниот треба да врати примероци од атмосферата и почвата на Земјата.

Во септември Роскосмос соопшти дека мисијата ќе биде спроведена како „независен национален проект без вклучување меѓународна соработка“, и покрај првичната волја да биде вклучена НАСА.

Последен пат Москва детално ја проучуваше Венера за време на Советскиот Сојуз, кога беспилотното летало Венус-7 стана првото вселенско летало кое се спушти на планетата и испрати податоци на Земјата.

Минатата година директорот на Роскосмос Дмитриј Рогозин контроверзно ја нарече Венера „руска планета“, истакнувајќи дека само Советскиот Сојуз направил напор да ја истражи втората планета од Сонцето.

„Нашата земја беше првата и единствената на Венера. Нашата опрема беше таму, и спроведе истражувања. Генерално, тоа е пекол“, кажа тогаш Рогозин. „Мисијата до Венера е дел од владината програма за руските вселенски истражувања за 2021-2030 година“.

Иако е приоритет за Москва, Венера е релативно неважна за повеќето вселенски нации. Иако има слична големина со Земјата, нејзината атмосфера е 97 отсто јаглерод диоксид со просечна температура од 464 Целзиусови степени, односно неповолна за живот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе