Во пустина во Казахстан

Руската војска тестираше „сосема нов“ проектил за противвоздушна одбрана (ВИДЕО)

Русија наскоро ќе има многу помоќен „атомски чадор“ над Москва и индустриските региони кој ќе ја штити од непријателски ракетни напади. По објавата за почетокот на производството на новиот противвоздушен комплекс С-500, на полигонот Сари Шаган во Казахстан успешно е тестиран нов проектил кој ја погодил поставената цел.

Во соопштението на министерството за одбрана на Русија се вели дека новата ракета е дизајнирана да штити од напади од вселената. Откако беше постирана видео снимка од довезувањето и поставувањето во „ракетниот бунар“ на новата ракета, експертите познаа дека станува збор за ракетата А-235 „нудол“, произведена од корпорацијата Алмаз антеј. Ракетата може да урива не само летечки балистички вселенски цели туку и сателити. Новата ракета „нудол“ ќе ги замени ракети А-135 „амур“ кои досега ја штитеа Москва од ракетни напади.

Докторот по воени науки Константин Сивков истакна дека официјалните податоци за брзината на ракетата и другите карактеристики се и понатаму воена тајна па тој претпоставува дека брзината на А-235 е до 12 маха, а дострелот 1.000 километри. Ракетата со таа брзина може да урива противнички проектили не дозволувајќи им да се приближат до индустриските региони.

Во текот на 2018 година на полигонот Сари Шаган повеќе пати беа вршени тестирања на ракетата пресретнувач. Тестирањата покажаа дека по прецизноста и другите параметри таа е супериорна во однос на сите слични ракети.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе