Руската војска го претстави новиот ловец МиГ-35 (ВИДЕО)

Руското министерство за одбрана го претстави најновиот руски борбен авион МиГ-35, кој сѐ уште е во фаза на тестирање, со нова снимка на која се гледаат дел од можностите на авионот.

Новиот руски ловец може да се искачи до висина од 17.500 метри а оперативниот горен праг почнува на 16.000 метри. На голема висина МиГ-35 може да лета со брзина од над 2.100 км/ч.

Претходно дел од руските медиуми јавија дека ловецот е дизајниран за да носи ласерско оружје. Иако Русија сѐ уште нема претставено такво оружје, авионот сепак може да биде вооружен со речиси сѐ што постои во рускиот арсенал, со муниција воздух-воздух и воздух-земја.

Руската телевизија Звезда, пак, која е блиска до Кремљ објави снимка од полетување на новиот ловец МиГ-35 под големо забрзување.

Оперативниот радиус на МиГ-35 е 1.000 километри и може да остане во воздух двапати подолго од ловците од претходната генерација – доколку местото за вториот пилот се замени со дополнителен резервоар за гориво. Авионот може да детектира и следи до 30 воздушни мети на растојание до 160 километри, а може истовремено да гаѓа шест воздушни и четири копнени цели.

Новиот руски ловец се очекува да влезе во служба во 2020 година.

Неопходно е да се надминат бариерите кои во моментов се присутни во регулаторната, политичката, финансиската и пазарната рамка и кои го кочат напредокот кон обновливите извори на енергија.

повеќе

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе