Руската вакцина против коронавирус ја помина првата фаза, се очекува да биде готова за 11 месеци

Додека ковид-19 брзо се шири, светот е обединет во надеж за светло на крајот од тунелот. Денеска потенцијално добра вест дојде од Москва, каде што се големи надежите дека е постигнат напредок во вакцината, вели РТ.

Раководителката на руската Федерална агенција за биолошка медицина (ФМБА), Вероника Скворцова, соопшти дека лекот треба да биде достапен пред крајот на следната зима. ФМБА има два тима - во Москва и Санкт Петербург - кои истовремено работат на проектот.

„Развојот на вакцината ја помина првата фаза“, рече Скворцова за новинската агенција ТАСС и додаде дека сите фази на тестирање и развој ќе завршат во јуни, а подготовката на лекот би била комплетирана околу средината на есента.

Ова е „рекомбинантна вакцина, (која доаѓа) не од жив вирус, туку од протеини што имаат т.н. 'епитопи' или места за врзување вируси“, изјави таа. Епитопот е дел од макромолекулата на антигенот што имунолошкиот систем ја препознава.

Мисијата на ФМБА е да го заштити здравството и безбедноста во Русија, со посебна одговорност за контрола и превенција на болести.

До попладнево во Русија има регистрирани 438 случаи на коронавирус, од кои 262 се во Москва. Има една смрт, непосредно поврзана со инфекцијата, додека 17 лица веќе закрепнале и се отпуштени од болница.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе