„Оружјето на судниот ден“

Руската ракета „булава“ за првпат лансирана од подморница (ВИДЕО)

Во рамки на проектот 955А, најновата руска подморница на нуклеарен погон Кнез Владимир ја тестираше за првпат во историјата балистичката ракета „булава“, јавува Раша тудеј.

„Оружјето на судниот ден“, како што го нарекуваат аналитичарите, беше лансирано за првпат од најновата подморница за преност на проектили од проектот 955А, Кнез Владимир, истакна руското министерство за одбрана.

Во соопштението се додава дека подморницата ја лансирала ракетата додека била под вода од позиција во Белото Море кон полигонот Кура во областа Камчатка на далечниот исток на Русија, пренесува ТАСС.

Министерството наведе дека ракетата летала во нормален режим и дека нејзината лажна боева глава слетала на целта во предвидениот рок, што било регистрирано со опремата за снимање на податоците.

Командантот на руската Северна флота изјави за ТАСС дека тестирањето на подморницата Кнез Владимир ќе биде завршено до крајот на годината и дека во тој период ќе биде тестирано и нејзиното оружје.

Тој најави дека најновата подморница ќе ѝ биде предадена на Северната флора во новогодишната ноќ.

Компанијата Севмаш шипјард од северозападна Русија досега изгради и ѝ испорача на руската морнарица три стратегиски подморници од проектот 955.

Главната подморница Јури Долгоруков стана дел од Северната флота, додека две подморници од сериското производство, Александр Невски и Владимир Мономах, во Пацифичката флота.

Кнез Владимир е првата подморница изградена во рамки на унапредениот проект 995А, а за првпат беше пуштена во вода во ноември 2017.

Новата подморница може да носи 16 ракети „булава“ и има цевки за торпеда од 533 милиметри.

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе