Според американски воен магазин

Руската ракета „булава“ е „рецепт за апсолутно уништување“ (ВИДЕО)

Ракетата „булава“ која се наоѓа во вооружувањето на руските нуклеарни подморници од класата „бореј“, би можела да ги уништи американските градови, пишува Логан Нај за магазинот „Ви ар мајти“, истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави немаат таков успешен проект.

Тие проектили со нуклеарни боеви глави имаат дострел поголем од 8.000 километри, истакнува авторот.

„Тоа е доволно за ракетата, која би ја лансирала подморница од јужниот брег на Бразил, да погоди која било мета на источниот брег на Соединетите Држави. А кога ќе погоди, има силно дејство. Проценките на силата варираат, но се верува дека е вооружена со 6 до 10 боеви глави за независни мети. А секоја боева глава тежи од 100 до 150 килотони“, наведува Логан Нај.

Според него, секоја од боевите глави е способна да уништи град, а секоја подморница има меѓу 12 и 16 ракети, кои се способни и да се пробијат низ систем за противвоздушна одбрана.

„Ова е рецепт за апсолутно уништување. Секоја подморница од класата „бореј“ може да уништи до 72 мети, кои поединечно заземаат површина на еден град“, пишува авторот.

Сепак, американскиот магазин истакнува дека „булава“ е преценета и дека во реалноста не функционира онака како што се рекламира.

„Меѓутоа, бидејќи ракетите успешно го минаа тестирањето и можат да уништат цели региони од Соединетите Држави, тоа е последното нешто за кое милиони Американци би сакале да дознаат како функционира во пракса“, заклучува авторот.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе