Ова за РИА Новости го изјави Дмитриј Шугаев, директорот на Федералната служба за воено-техничка соработка на Русија.
Турција претходно беше исфрлена од програмата на американскиот Ф-35 поради набавката на рускиот ракетен противвоздушен систем С-400, а во тек се преговори за платените пари за модерниот авион да се добијат застарени Ф-16.
„Русија повеќе пати изразуваше спремност да ѝ помогне на Република Турција“, кажа Шугаев.
ТАИ ТФ-Х ќе биде „стелт“ ловец со два мотори кој го развиваат Туркиш аероспејс индустрис и БАЕ системс како подизведувач.
Планирано е авионот да ги замени застарените Ф-16 кои ги користи турското воено воздухопловство.
Извршниот директор на ТАИ Темел Котил изјави дека ТФ-Х првиот лет ќе го изведе до 2025 година, а се очекува да влезе во употреба во 20-30-тите.
Шефот на Дирекцијата за одбранбена индустрија на Турција Исмаил Демир претходно кажа дека Анкара би можела да купи руски воени авиони од последната генерација, ако од САД не добие ловци Ф-16.
„Ако САД не го одобрат договорот за Ф-16, по ситуацијата со Ф-35, Турција нема да има друг избор. Купувањето на руските Су-35 и Су-57 може да се реализира во секое време“, кажа неодамна Демир.