Русите се спремни да им помогнат на Турција во проектот за ловец од петтата генерација

Официјална Москва преговара со Анкара околу учествување во програмата за развој на нов турски ловец од петтата генерација.

EPA-EFE

Ова за РИА Новости го изјави Дмитриј Шугаев, директорот на Федералната служба за воено-техничка соработка на Русија.

Турција претходно беше исфрлена од програмата на американскиот Ф-35 поради набавката на рускиот ракетен противвоздушен систем С-400, а во тек се преговори за платените пари за модерниот авион да се добијат застарени Ф-16.

„Русија повеќе пати изразуваше спремност да ѝ помогне на Република Турција“, кажа Шугаев.

ТАИ ТФ-Х ќе биде „стелт“ ловец со два мотори кој го развиваат Туркиш аероспејс индустрис и БАЕ системс како подизведувач.

Планирано е авионот да ги замени застарените Ф-16 кои ги користи турското воено воздухопловство.

Извршниот директор на ТАИ Темел Котил изјави дека ТФ-Х првиот лет ќе го изведе до 2025 година, а се очекува да влезе во употреба во 20-30-тите.

Шефот на Дирекцијата за одбранбена индустрија на Турција Исмаил Демир претходно кажа дека Анкара би можела да купи руски воени авиони од последната генерација, ако од САД не добие ловци Ф-16.

„Ако САД не го одобрат договорот за Ф-16, по ситуацијата со Ф-35, Турција нема да има друг избор. Купувањето на руските Су-35 и Су-57 може да се реализира во секое време“, кажа неодамна Демир.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе