Русите работат на нов МиГ (ВИДЕО)

Руската воздухопловна компанија МиГ го развива МиГ-41, нов борбен авион од петтата генерација, соопшти извршниот директор на компанијата Илија Тарасенко за руската агенција ТАСС.

„Не, ова не е митски проект, ова е долгогодишен проект на МиГ, а сега интензивно работиме под капата на УАЦ и наскоро ќе ѝ го претставиме на јавноста“, изјави извршниот директор на МиГ.

МиГ-41 или ПАК-ДП пресретнувачот е авионот кој треба да го наследи докажаниот МиГ-31.

Поранешниот командант на воздухопловните сили и претседател на одборот за одбрана на Сојузот на Федерацијата Виктор Бондарјов кажа дека се очекува експерименталниот развој на авионот да почне годинава.

Тарасенко додаде дека експерименталниот дел од развојот на најсовремениот руски пресретнувач ќе почне „во блиска иднина“, а неговата испорака на руските оружени сили би требало да почне кон средината на 2020 година.

Колку ќе чини целиот проект засега не е познато.

Република Македонија е мала држава на Балканот чија основна цел е опстанокот во меѓународните односи и грижа за благосостојбата на сопствените граѓани.

повеќе

Заев побара од дипломатите да се воздржуваат од активности меѓу гласачите спроти референдумот, а онаа од поддржувачите не му пречи.

повеќе

Македонија по оваа авантура нема каде да се врати и единствениот пат по кој треба да тргне е патот на внатрешно реформирање и интраетничко помирување и обединување.

повеќе