Русите објавија нови фотографии од тестирањата на напредниот ловец Т-50 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Компанијата Сухој објави фотографии од најмодерниот руски авион Т-50, ловец од петтата генерација, кој сѐ уште е во фаза на тестирање.

 

Фотографиите се направени во фабриката за авиони во Комсомолск на Амур и на нив е прикажан прототип на новиот авион кој е речиси готов за производство. Новиот авион треба да го замени ловецот Су-27.

Новиот руски ловец ќе има напредна технологија за избегнување радари – „стелт“ и моќен топ со дострел од 1.800 метри кој може да испукува 1.800 куршуми во минута.

Авионот ќе чини околу 50 милиони долари од парче, а ќе има максимална брзина од 2.440 км/ч и борбен радиус од 5.500 километри.

Експертите од одбранбената индустрија го споредуваат новиот руски авион со американскиот Ф-22 раптор, а некои американски медиуми, како Нешнал интерест, му даваат предност на Т-50 поради исклучително високата подвижност.

Покрај руското министерство за одбрана, новиот „невидлив“ ловец ќе се извезува во Индија.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе