Арктика

Русите го претставија најновиот мразокршач: најголемиот и најмоќнот брод за кршење мраз наскоро стапува на должност (ВИДЕО)

Најголемиот и најмоќен руски мразокршач на нуклеарен погон, Арктика, ќе почне со операции во водите на Арктикот на рутата во Северното Море во декември, јави Раша тудеј.

EPA-EFE

Според рускиот премиер Михаил Мишустин, кој присуствуваше на церемонијата на кревање на знамето во Мурманск, пристигнувањето на нуклеарниот мразокршач ќе ја обезбеди руската надмоќ на Арктикот и ќе го олесни понатамошниот развој на рутата во Северното Море како клучен коридор за транспорт.

„Русија е неприкосновен лидер во развојот на северните територии“, кажа рускиот премиер. „Горди сме на тоа што Русија е единствената земја во светот која успеа да развие флота на нуклеарни мразокршачи“.

Арктика пристигна од Санкт Петербург во матичното пристаниште во Мурманск на 12 октомври. Поминал околу 4.900 наутички милји во рок од 21 ден, вклучувајќи и над 1.600 километри низ мраз.

Планот за развој на овој брод датира од 2013 година, а изградбата почна на 16 јуни 2016.

Другите нуклеарни мразокршачи, кои се вклучени во проектот, ќе бидат довршени во следните години.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Како што тргнало, на крај, кога ќе го оствариме сонот и конечно ќе влеземе во ЕУ, ќе бидеме нација X, со јазик Y, со националност Z? Кој ќе се радува на тоа?

повеќе

Зошто да не му веруваме на лидерот кој е на чело на колоната запатена кон ЕУ?

повеќе

Логиката е кога веќе се успеа со Преспанскиот договор, кога веќе отстапката е потпишана, зошто да не се направи тоа и со Бугарија.

повеќе