По успешниот лет на Спејсекс

Русија ветува патување на Месечината

Русија вчера, по повод успешното лансирање на американското вселенско летало Спејсекс кон Меѓународната вселенска станица (ИСС) во орбитата на Земјата, вети дека оваа година ќе тестира две нови ракети, а потоа ќе ја продолжи својата програма за патување на Месечината.

Фото: Роберт Атанасовски

Во саботата ракета од приватната компанија „Спејсекс“ полета од вселенскиот центар Кенеди во Флорида, САД, прва со екипаж, која однесе два американски астронаути до ИСС, со што му стави крај на деветгодишниот руски монопол на летовите на луѓе во вселената.

Шефот на „Роскосмос“, Дмитриј Рогозин, изјави дека Русија наесен планира пробно лансирање на тешката ракета „Ангара“, која треба да ги замени старите „Протони“.

Тој исто така рече дека Русија го забрзува развојот на интерконтиненталната балистичка ракета „Сармат“, која треба да ги надмине можностите на сите типови ракетни одбранбени системи.

Од 2011 година и крајот на американската вселенска програма со вселенските летала „Спејс шатл“, американски астронаути можеше да се испраќаат на ИСС само со руските летала „Сојуз“.

Според експертите, бидејќи Роскосмос наплаќаше по 80 милиони долари за едно лансирање, сега обновата на американските летови предизвикала значителен пад на приходите на руската вселенска агенција со годишен буџет од околу две милијарди долари.

Роскосмос, меѓутоа, вчера соопшти дека Русија сè уште им е потребна на Соединетите Американски Држави: „Навистина е важно да имате барем две можности за одење до ИСС, затоа што никогаш не се знае...“, рече портпаролот на Роскосмос, Владимир Устимиенко.

Извор на огромна гордост во советско време, рускиот вселенски сектор по распадот на СССР во 1991 година се соочува со сериозни тешкотии. Последниве неколку години имаше неколку корупциски скандали и низа неуспешни лансирања, меѓу кои и едно со екипаж, за среќа без последици за двајцата астронаути, кои се спасија со посебен помошен систем.

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе