Русија тестираше нов пресретнувач на ракети (ВИДЕО)

Нов руски проектил-пресретнувач бил успешно тестиран, откако прецизно уништил симулирана мета, соопшти руското министерство за одбрана.

Министерството објави и снимка од лансирањето на пресретнувачот, но не се откриени техничките спецификации.

„Единица на воздушната одбрана на руската војска успешно спроведе тестирање на нов пресретнувач на раекти на полигонот Сари Шаган во Казахстан“, се наведува во соопштението на војската.

Ова беше четврто тестирање на новиот проектил оваа година, пренесува агенцијата ТАСС.

Во март претседателот на Русија Владимир Путин претстави повеќе нови напредни оружја во своето обраќање до нацијата. Во арсеналот се вклучени нова интерконтинентална балистичка ракета, подморници на нуклеарен погон и подморници дронови.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе