Русија склучила договори за извоз на оружје вредни 5 милијарди долари

Руската државна компанија за увоз и извоз на воени технологии и услуги потпишала договори во вредност од над пет милијарди долари за продажба на оружје.

EPA-EFE

Овие договори компанијата Рособоронекспорт ги потпишала во текот на првата половина од 2020 година, соопшти директорот Александар Михеев на форумот Армија 2020.

„Во првите шест месеци успеавме да ја одржиме комуникацијата со нашите партнери. Потпишавме договори вредни над пет милијарди долари. Обемот на соработката ни овозможува да одржуваме односи со 68 земји“, прецизираше Михеев.

До крајот на годината Рособоронекспорт ќе испорача оружје во странство во вредност од шест милијарди долари, додаде тој. Според планот, во 2020 компанијата би требало да продаде оружје во вредност од околу 13 милијарди долари, пренесува Спутник.

„Оваа година остана да извршиме испораки во вредност од над 6 милијарди долари за да ги исполниме извозните планови. Веруваме дека ќе успееме“, кажа Михеев.

Меѓународниот воено-технички форум Армија кој годинава се одржува по шести пат е отворен во паркот Патриот во околината на Москва.

Годинава тој првпат се одржува истовремено со Меѓународните воени игри, а освен тоа, за првпат во рамки на форумот ќе има посебен дел за воената морнарица.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе