Русија се пофали со ново ласерско оружје кое може да спржи дрон

Русија денес откри дека во Украина користи нова генерација на силно ласерско оружје за уништување дронови и дека го разместува тајното оружје за да се спротивстави на големото количество западно оружје што се испорачува во соседната земја.

EPA-EFE

Рускиот претседател Владимир Путин во 2018 година претстави низа нови оружја, вклучувајќи нова интерконтинентална балистичка ракета, нуклеарни подводни дронови, хиперсонично оружје и ново ласерско оружје. Путин спомна едно од нив – „пересвет“.

Јуриј Борисов, вицепремиерот задолжен за воен развој, кажа на прес-конференција во Москва дека „пересвет“ е веќе распореден и дека би можел да заслепи и сателити до 1.500 километри над Земјата. Додаде дека веќе постојат посилни руски системи од „пересвет“, кои можат да спржат дронови и друга опрема. Борисов кажа дека вчера било спроведено тестирање на оружјето со кое дрон оддалечен пет километри бил спржен за пет секунди.

„Ако пересвет може да заслепи, тогаш новата генерација ласерско оружје доведува до физичко уништување на метата – топлинско уништување, тие согоруваат“, кажа Борисов.

На прашањето дали таквото оружје се користи во Украина, Борисов кажа: „Да. Првите прототипи таму веќе се користат“. Кажа дека оружјето е наречено „задира“.

За оружјето речиси ништо не се знае, но руските медиуми во 2017 објавија дека руската државна нуклеарна корпорација Росатом помогнала во развојот на тоа оружје во рамките на создавање оружје на нови физички принципи, познати под рускиот акроним ОНФП.

Користењето ласери за заслепување сателити или нивното спржување некогаш беше научна фантастика, но големите сили како Русија, Кина и Соединетите Американски Држави со години работат на варијанти на такво оружје.

Освен предностите во конвенционалното војување, заслепувачките извидувачки системи имаат и стратегиско влијание бидејќи сателитите се користат за следење на интерконтиненталните балистички проектили кои носат нуклеарно оружје.

Борисов кажа дека се вратил од Саров, затворениот град во регионот Нижни Новгород, некогаш познат како Арзамас-16 бидејќи беше толку таен, а кој е центарот на истражувањата на руското нуклеарно оружје. Изјави дека новата генерација на ласерско оружје со време ќе го замени конвенционалното оружје.

„Ова не е некоја егзотична идеја. Ова е реалноста“, кажа Борисов.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе