Русија разви ново оклопно возило за придружба на нуклеарните проектили (ВИДЕО)

Новото руско оклопно возило е наменето за придружба на конвоите што го превезуваат нуклеарното оружје, изјави Игор Захарович, од компанијата Ремдизел.

Новото борбено возило е создадено врз основа на шасијата на оклопното возило „тајфун“’, додаде Захарович, главниот конструктор на компанијата што го произведува возилото.

„Возилото е предвидено за 12. Главна управа на министерството за одбрана и веќе ги помина фабричките тестирања“, истакна тој.

„Важно е да се напомене дека шасијата 4386 е најруското возило во целото „семејство“. Се потрудивме максимално да користиме руски делови и да најдеме што е можно повеќе руски компании кои се спремни да развијат замени за странските системи“, истакна Захарович.

Ремдизел планира да развие и цивилна верзија на „тајфун“, која ќе може да се користи при работа во тешки климатски услови, па и на Арктикот.

„Тајфун“ е семејство руски оклопни возила со зголемена заштита, на кои работеа повеќе од 120 компании.

Првото возило беше покажано во 2011 година, а во 2014 учествуваше на Парадата на победата во Москва.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе