„Маркер“

Русија претстави ново беспилотно борбено оклопно возило (ВИДЕО)

Руската војска го претстави најновото борбено експериментално оклопно возило „маркер“.

Возилото е во состојба автоматски да ја пресметува маршрутата на движење, и во урбани средини и на нерамен терен.

Проектот почнал во март 2018 година, а на него работи корпорацијата Андроидна техника, заедно со Фондот за перспективни истражувања, јавуваат руските агенции.

Веќе се развиени две гасенични платформи кои можат да се опремат со модул за корисно оптоварување и модул за беспилотни летала.

На модулот за корисно оптоварување може истовремено да се инсталираат два оружени системи, кои можат да се користат независно еден од друг.

Модулот со беспилотни летала обезбедува лансирање на поголема група дронови, а секоја од нив може да извршува задачи заеднички или поединечно.

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе