„Пересвјет“

Русија претстави ласерско оружје кое метите ги уништува за помалку од секунда (ВИДЕО)

Руското министерство за одбрана на социјалните мрежи го претстави ласерското оружје „пересвјет“.

Заменикот на рускиот министер за одбрана и вселенска индустрија Јуриј Борисов кажа за Краснаја звезда, весникот што го издава министерството, дека „пересвјет“ метите може да ги неутрализира за помалку од секунда.

„Можеме многу да зборуваме за ласерското оружје и филмовите кои за него се снимени и книгите што се напишани, но факт е дека таквите системи денес веќе се користат“, кажа Борисов.

Руските војници кои управуваат со системот за тоа се специјално обучени во воено-вселенската академија Можајски во Санкт Петербург.

Претседателот на Русија Владимир Путин во март годинава за време на обраќањето до нацијата кажа дека Русија напредувала во развојот на ласерското оружје и дека во тој поглед се „пред конкуренцијата“.

Путин тогаш кажа дека сѐ уште не може да каже повеќе.

„Експертите ќе знаат дека руските капацитети за одбрана се удвоија“, кажа тој.

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе

Граѓаните сѐ повеќе ја согледуваат неопходноста од непартиска форма на самоорганизирање.

повеќе