Русија прави авион од шестата генерација

Русија работи на ловец од шестата генерација, изјави за агенцијата Спутник генералниот директор на државниот научно-истражувачки институт за авијациски системи, Сергеј Хохлов.

Главната разлика во однос на петтата генерација ќе биде во тоа што основната верзија на ловецот ќе биде беспилотна, односно можноста за пиилотирање да не е задолжителна.

„Сите останати карактеристики се понатамошен развој на веќе постоечките: уште побрз, со повеќе маневарски можности, уште понезабележлив за радарите итн“, наведе Хохлов.

Во Русија сега се произведува ловецот од петтата генерација сухој Су-57. Првиот сериски авион до крајот на годината ќе влезе во борбените редови на воздухопловно-вселенските сили на руската армија. Договорот за 76 такви летала беше потпишан на форумот Армија 2019.

Су-57 за првпат полета во 2010 година. Високите маневарски, можноста за реализација на суперсоничен лет, современите системи и малата видливост за радарите обезбедуваат надмоќ на овој руски авион над конкурентите, пишува Спутник.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе