Русија почнува со производството на својот најмоќен ракетен систем С-500 (ВИДЕО)

Русија почнува со производството на противвоздушните ракетни системи С-500 „прометеј“, изјави шефот на државната корпорација Ростех Сергеј Чемезов за телевизијата Русија 1.

„Правиме ново современо оружје. И додека сега го продаваме С-400, ние веќе го произведуваме С-500. Тоа е посовремен комплекс. Не би сакал сега да зборувам за него, војската сѐ уште не го користи. Но, мислам дека наскоро ќе го добие“, кажа Чемезов.

Одговарајќи на прашањето кога точно војската би можела да ги добие новите ракетни комплекси, Чемезов одговори: „По завршувањето на тестирањата“.

Тој наведе и дека дострелот на С-500 ќе биде поголем од С-400.

Западните медиуми од порано пишуваат дека новиот систем за противвоздушна одбрана на Русија е најдобриот во светот и дека американските ракети не му можат апсолутно ништо.

Тој дејсвува на поголема одалеченост од кој било друг ракетен систем во светот и може да урива и стелт и обични летала, балистички ракети, дронови, па дури и хиперсонични проектили, а наводно и невидливите ловци од петтата генерација Ф-35, гордоста на американското воено воздухопловство.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе