Русија почнува да развива нова вселенска станица

Руската вселенска агенција Роскосмос кажа дека сака да направи своја вселенска станица до 2025 година бидејќи Москва сака да се повлече од Меѓународната вселенска станица (ИСС).

EPA-EFE

Шефот на Роскосмос Дмитриј Рогозин објави дека почнала изградбата на првиот модул на новата станица, откако властите предупредија дека Русија размислува за повлекување од ИСС, една од ретките области ан соработка на Москва и западните држави. Објавата доаѓа во време на тензии предизвикани од обвинувања за шпионирање, групирање на сè поголем број руски и НАТО војници на украинските граници, нови санкции на Вашингтон против Москва и сè полошата здравствена состојба на рускиот опозиционер Алексеј Навални.

„Станува збор за првиот модул на новата руска орбитална станица“, соопшти Рогозин. Кажа дека руската корпорација Енергија планира модулот да биде спремен за лансирање во 2025 година.

Почната во 1998, Меѓународната вселенска станица е еден од најамбициозните проекти на соработка на човештвото во историјата. Во него учествуваат Русија, САД, Канада, Јапонија и Европската вселенска агенција.

Заменикот на рускиот премиер Јуриј Борисов неодамна кажа дека Москва размислува за напуштање на ИСС од 2025 година поради застареноста на станицата. Роскосмос, пак, вчера соопшти дека одлука за напуштање на станицата не е донесена.

„Кога ќе ја донесеме одлуката, ќе почнеме преговори со нашите партнери за формите и условите на соработката по 2024 година“, наведе руската агенција.

Русите минатата година го изгубија монополот на испраќање на астронаутите на ИСС од космодромот Бајконур во Казахстан, по првата успешна мисија на американската компанија Спејсекс.

Во чест на славната историја на истражување на вселената, Русија месецов ја прослави 60-годишнината од првиот човечки лет во вселената. Вселенската програма на таа држава во последните години се соочува со тешкотии. Рогозин најавуваше низа амбициозни планови, но неговата агенција се соочува се сè поголеми кастрења, а аналитичарите тврдат дека рускиот претседател Владимир Путин е позаинтересиран за воена технологија отколку за истражување на вселената.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе