Во 2023 година

Русија нуди да го однесе првиот турски астронаут во вселената

Шефот на руската вселенска агенција, Дмитриј Рогозин, ѝ понуди на Турција помош со испраќањето на нејзиниот прв астронаут во вселената - атрактивен начин да се одбележи 100-годишнината на Турската Република.

Шефот на Роскосмос го предложил ова за време на авијациското шоу МАКС-2019 во вторникот, кога се сретнал со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Турскиот лидер присуствуваше на отворањето заедно со својот руски домаќин Владимир Путин.

„Имаме предлог за здружување до вас - да однесеме турски астронаут во орбитата за да се одбележи годишнината од Републиката. Центарот за обука на космонаути е подготвен да работи на ова“, му рекол Рогозин на Ердоган, осврнувајќи се на претстојните прослави за основањето на Републиката во 1923 година.

Москва сака да ја продлабочи соработката со Турција на полето на вселената, додал Рогозин, па биле дискутирани „различни опции“ за соработка.

Ердоган наводно бил поласкан од понудата. „Ќе учествуваме во вашата ценета работа. Ви благодарам од името на нашата земја, ви благодарам за работата што ја направивте досега“, рекол тој.

Турција веќе неколку години работи на испраќање човек во вселената. Вселенските амбиции на Анкара уште повеќе се зголемија минатата година, кога беше официјално основана националната вселенска агенција на земјата.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе