Русија ќе го гради најмоќниот мразокршач на сите времиња: „Иднината на цивилната флота“ (ВИДЕО)

Годинава во Русија ќе почне изградбата на најмоќниот нуклеарен мразокршач на сите времиња.

Долгоочекуваниот договор е потпишан, а иднината на грандиозниот проект е одредена. Нуклеарниот мразокршач, кој ќе обезбеди пловење по Северниот морски пат за време на целата година, ќе биде пуштен во употреба за неколку години.

Мразокршачот „Лидер“ е иднината на руската цивилна флота, пишува Спутник. Благодарение на моторите на нуклеарен погон, со сила од 160.000 коњски сили, рускиот џин ќе достигнува неверојатна брзина од 24 јазли (околу 44 км/ч), пробивајќи мраз дебел два метри. Треба да се истакне дека апсолутниот светски рекорд изнесува 12 јазли.

„Лидер“ ќе биде најмоќниот мразокршач на светот, а неговата големина сведочи за тоа – ќе биде долг 200 метри, широк речиси 50 а висок речиси 19 метри.

Главната предност е можноста да крши мраз дебел повеќе од четири метри, што ќе овозможи пловење по Северниот морски пат преку целата година. проектот ќе се реализира во бродоградилиштето Ѕвезда по налог на Росатомфлот.

Работата на изградбата на мразокршачот ќе почне оваа година, а планирано е да биде завршен и пуштен во погон до 2027, што ќе отвори нови можности за руските бродови.

Не може да се оспори потребата за мразокршачите од овој тип, смета руската телевизија Звезда. Од една страна, тоа е поврзано со фактот што Северниот морски пат е значително пократок од вообичаените маршрути од Азија во Европа и назад до Суецкиот канал. Најголемите светски транспортни компании се веќе спремни да платат за таа брзина и погодност, особено во главните земји потрошувачи на рускиот течен природен гас – Јужна Кореја, Јапонија и Кина. Од друга страна, само еден мразокршач отвора неколку стотици работни места, и тоа не само за екипажот, туку и за претпријатијата кои ќе бидат задолжени за одржувањето.

Бродоградилиштето Звезда планира да изгради три нови нуклеарни мразокршачи во проектот „Лидер“.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе