Русија ќе ги вооружува космонаутите

Русија ќе ги вооружува своите космонаути со специјален пиштол кој би требало да ги штити од диви животник ако слетаат во одалечени и ненаселени области, изјави вчера директорот на руската вселенска агенција Роскомос Дмитриј Рогозин.

„Тоа оружје веќе се тестира“, изјави Рогозин за новинската агенција ТАСС.

„Мислам дека за година, година и пол веројатно ќе биде дел од опремата на космонаутите“.

Нов руски космодром се планира на далечниот исток на земјата.

„Слетувањата би можеле да се извршат во ретко населената, пошумена област и космонаутите кажаа дека би било добро да имаат такво нешто во опремата“, додаде Рогозин.

Оружјето би можело да служи за сигнализација на местото на слетување и за самоодбрана.

Рускиот космонаут Олег Кононенков, кој неодамна се врати на Земјата од Меѓународната вселенска станица, кажа дека тоа би било потребно поради дивите животни.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе