„Најсмртоносна досега“

Русија ја пушти во употреба првата сериска нуклеарна подморница од проектот „Јасен“ (ВИДЕО)

Првата сериска нуклеарна подморница од модернизираниот проект „Јасен-М“ беше пуштена во употреба во Северодвинск, соопшти руското министерство за одбрана.

Главниот командант на воената морнарица адмиралот Николај Евменов наведе дека екипажот на подморницата ја минал обуката и дека е спремен да управува со најновата техника и вооружување.

Се планира „Новосибирск“ и првата подморница од овој проект „Казањ“ да ѝ бидат предадени на флотата во 2020 година.

Објавена е и снимка од пуштањето во вода на новата нуклеарна подморница, на која сепак не се гледа многу бидејќи пловилото останува воена тајна.

Претседателот на Обединетата корпорација за бродоградба Алексеј Рахманов кажа дека во проектот „Јасен-М“ биле откриени низа конструкциски недостатоци, меѓу другото и со системот за управување. Тој подоцна кажа дека за елиминација на првата подморница „Казањ“ биле потребни пет до шест испловувања на море.

Повеќенаменските нуклеарни подморници „Казањ“, „Новосисбирск“, „Краснојарск“ и „Архангелск“ се прават според модернизираниот проект „Јасен-М“ (885М). Тие имаат потиснување во вода од 13.800 тони, длабочина на нурнување од 520 метри, екипаж од 64 луѓе, автономнија од 100 дена, подводна брзина од 31 јазол. Од вооружување имаат мини, торпеда од 533 милиметри, крстосувачки ракети „калибр“ и „оникс“.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе