МАКС 2019

Русија ја претстави извозната верзија на најновиот ловец Су-57 (ВИДЕО)

Најнапредниот руски ловец од петтата генерација ја вџаши публиката на авионскиот саем МАКС 2019, при едно од ретките појавувања во јавноста и покажувајќи ѝ ги на публиката своите акробатски маневри.

Сухој Су-57 се вивна во небото на воздухопловната изложба која се одржува на меѓународниот аеродром Жуковски во близина на Москва. Стелт ловецот со два мотори, кој Москва го смета за ривал на американскиот Ф-35 – изведе фантастични маневри над аеродомот, вклучувајќи и вертикално искачување со прилично тежок лупинг.

На јавноста ѝ беше прикажана извозната верзија на единствениот руски ловец од петтата генерација, кој се развива од 2002 година, и кој е прв руски авион со стелт технологија. Влегувањето во служба е најавено за подоцна годинава, а авионот веќе помина борбено тестирање во Сирија.

Извезувањето на Су-57 е врвен приоритет за Кремљ, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е еден од првите што го погледна новиот авион минатата недела. Ердоган подоцна кажа дека е во разговори со Москва за набавка на авионот, доколку Турција биде исфрлена од проектот Ф-35 од Вашингтон.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе