Русија го почнува сериското производство на својот најмоќен противвоздушен систем С-500

Русија го почна сериското производство на најновиот противвоздушен (ПВО) систем С-500 „Прометеј“, изјави денес Јан Новиков, генералниот директор на концернот за воздушно-вселенска одбрана Алмаз Антеј, компанијата што го произведува С-500.

EPA-EFE

Новиков за Нешнал дифенс кажа дека сериското производство на С-500 е организирано со користење на најновите достигнувања на домашната наука и технологија.

Тој кажа и дека борбените можности на тој систем значително ги надминуваат капацитетите на претходните противвоздушно-ракетни системи. Истакна дека С-500 ќе стане основаат на рускиот воздушно-вселенски одбранбен систем и дека ќе ѝ биде испорачан на војската во поставениот рок.

С-500 „Прометеј“ припаѓа на најновата генерација ПВО системи земја-воздух. Станува збор за универзален комплекс за пресретнување на големи далечини и на големи висини, со зголемени можности за противракетна одбрана.

Радиусот на уништување на системот С-500 е околу 600 километри.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе