Розов снег на глечер во Италија ги загрижи научниците (ВИДЕО)

Глечерот во Италија прими розова боја поради алгите, што значи мразот во областа се побрзо и побрзо се растопува, изјави научник кој го проучува овој феномен.

Screenshot

Розов снег се појави на глечерот Пресена во северна Италија, изјави вчера геофизичарот Бијаџо Ди Мауро од италијанскиот институт за поларни науки.

Иако „снегот во боја на лубеница“ е прилично честа појава на Алпите во пролет и лето, оваа година тој беше со поинтензивна боја и пораспространет.

Кога Ди Мауро во саботата го посетил глечерот, тој забележа „прилично впечатлив цут на снежните алги“. Тој за Си-ен-ен изјави дека алгата Кламидомонас нивалис е одговорна за оваа розова боја на глечерот.

„Оваа пролет и лето немавме многу снежни врнежи, а регистрирани се високи атмосферски температури. Тоа е совршено опкружување за раст на алгите“, објасни геофизичарот.

Цветањето на алги е лоша вест за глечерот, бидејќи темниот снег апсорбира повеќе енергија, што значи дека глечерите ќе се топат уште побрзо.

Ди Мауро претходно го проучувал глечерот Мортерач во Швајцарија, каде алгата Анцилонима норденскијолди го обоила мразот виолетов. Оваа алга е пронајдена и во југозападниот дел на Гренланд, како и на Андите и Хималаите.

Глечерите ширум светот се побрзо се растопуваат како резултат на климатските промени. Во октомври 2019 година, откриено е дека глечерите во Швајцарија се намалиле за 10% во последните пет години.

На Антарктикот, гигантскиот глечер Денман во последните 22 години се повлекол скоро пет километри. Ако овој глечер се стопи целосно, нивото на морето ќе се искачи за скоро 1,5 метар.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе