Роверот Персевиренс утре слетува на Марс, ќе бара докази за древен живот

По седум месеци патување, роверот Персевиренс на НАСА се подготвува за утрешното слетување на Марс, што ќе биде почетокот на повеќегодишната потрага по докази за древен микробиолошки живот на Црвената планета.

EPA-EFE

Мисијата „Марс 2020“ почна на крајот на јули од Флорида, го вклучува најголемото возило некогаш испратено таму.

Создадено е во лабораторијата на НАСА за млазен погон, тежи еден тон и има роботска рака со должина од два метри. Опремено е со 19 камери и два микрофони за снимање на марсовската звучна кулиса.

Ако сè помине како што треба, Персевиренс ќе биде само петтиот ровер кој успешно го завршил патувањето од Земјата до Марс.

Сите се американски. Првиот беше Петфајндер во 1997 година, а последниот, Кјуриосити, сè уште е активен.

Минатата недела кинеското летало Тианвен-1 стигна во орбитата на Марс и се надева дека ќе го спушти својот ровер на планетата во мај.

Персевиренс утре околу 21:55 часот по средноевропско време би можел да ги спушти своите шест тркала на предвиденото место за слетување на Марс кое научникот на НАСА Кен Фарли го опишува како „спектакуларно’“.

Кратерот Језеро, наречен така по едно село во Босна и Херцеговина, е базен со ширина од 45 километри и се наоѓа на северната полутопка на Марс. Бил разгледуван како место за слетување и за претходни мисии, но досега се сметало да во него е претешко да се слета.

Во контролната соба на мисијата ќе има помалку луѓе од обично поради пандемијата на коронавирусот.

„Под претпоставка безбедно да слета, не мислам дека ковид-19 ќе нè спречи да скокаме и да си честитаме“, кажа Мет Волис, заменик шеф на мисијата.

Првите фотографии од површината на Марс, но со ниска резолуција, ќе бидат достапни набрзо. Видеоснимките, вклучувајќи го влегувањето во атмосферата, се очекуваат подоцна.

Научниците веруваат дека пред 3,5 милијарди години кратерот бил дом на река која се влевала во езеро и создавала талог во делта во форма на лепеза.

„Во тоа време Марс на неколку важни начини бил сличен на Земјата“, кажа Фарли.

„Имал густа атмосфера. Имал езера и реки на површината, области погодни за живот, простори на кои можеле да напредуваат организми какви што сега има на Земјата“.

Марс е единственото познато подрачје на кое имало такво услови надвор од нашата планета.

Марс 2020 е првата мисија чија главна цел е доказот дека таму некогаш постоел живот.

Персевиренс во неколку години ќе собере и зачува до 30 примероци од карпи и почва кои кога ќе бидат вратени на Земјата ќе се анализираат во лаборатории.

Најголемата брзина му е 152 километри на час, што е тромо по стандардите на Земјата, но е побрз од сите негови претходници. Прво ќе ја помине делтата, некогашниот брег на езерото и на крајот рабовите на кратерот.

Роверот примероците би требало да ги врати на Земјата во планираната заедничка мисија на НАСА и Европската вселенска агенција во 2030-тите.

„Научниците кои ќе ги анализираат тие примероци сега се во основно училиште, а можеби сè уште не се ни родиле“, вели Фарли.

Како би изгледале тие долго очекувани знаци на живот:

„Не би требало да очекуваме фосилни заби, фосилни коски или фосилни листови“, вели научникот.

Тоа е лов на органски молекули и други знаци на претходен микробиолошки живот, што би било „неверојатно откритие“.

Првите месеци нема да бидат посветени на главната цел. Планирани се некои паралелни експерименти. НАСА, на пример, лично сака за првпат да патува на некоја друга планета. Хеликоптерот Енџенуити ви требало да се искачува во атмосферата која денес има едвај еден отсто од густината на Земјината атмосфера.

Втората цел е да се расчисти патот за идните човечки мисии со развој на системи за создавање кислород од јаглерод диоксид од кој главно се состои атмосферата ма Марс.

Вселенската агенција ќе го постави инструментот Марс оксицен Ин-ситу рисорс јутилизејшн експеримент (МОКСИ) кој со постапка на електролиза ќе произведува околу 10 грама кислород на час.

НАСА троши околу 2,4 милијарди долари на мисијата Марс 2020. Слетување и управувањето со роверот чини околу 300 милиони долари.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе