НАСА

Роверот Персевиренс ни испрати прекрасно селфи од Марс (ФОТО)

Зачудувачки остар автопортрет од „главата“ на овој ровер со шест тркала си направи Персевиренс со својот ВОТСОН, камера со висока резолуција што треба одблизу да ги фотографира текстурите на карпите.

Фото: НАСА

Роверот Кјуриосити на НАСА има слична камера, која може да направи слични селфиња (а исто така и да ги проучува карпите одблизу.)

Во твитот, НАСА ја наслови сликата „Портрет на уметникот како млад бот“, омаж на првиот роман на ирскиот автор Џемс Џојс насловен „Портрет на уметникот како млад човек“, објавен во 1916 година.

Големата леќа горе десно од „главата“ на Персевиренс, често нарекувана катарка, е Суперкам, ласерски спектрометар дизајниран да анализира примероци од карпи.

Околу неговиот „врат“ е Марсовскиот енвироментален динамички анализатор, инструмент дизајниран да ги насетува и следи временските услови на Марс.

Во комбинација со анализите на примероци извршени од Персевиренсовиот ШЕРЛОК, научен инструмент со големина на паметен телефон што користи спектроскопија за проучување на хемискиот состав на блиските карпи, сликите направени од ВОТСОН им овозможуваат на научниците во НАСА да ги проучуваат минералните слоеви на марсовските карпи за да видат како се формирани и променети со текот на времето.

„Животот е трнлив“, рече Лутер Бигл, главен истражувач на ШЕРЛОК во Лабораторијата за млазен погон на НАСА, во објава на блогот во мај 2020 година. „Ако видиме дека органски материи се собираат на еден дел од карпа, тоа може да биде знак дека таму во минатото напредувале микроби“.

Сега, кога одблиску го видовме лицето на Персевиренс, големи се шансите наскоро да го добиеме првото селфи со целото тело на роверот, како оние што ги гледавме од Кјуриосити.

Легенда под Главна слика

Фото: НАСА

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе