Кјуриосити

Роверот на НАСА откри гас на Марс што може да укажува на постоење живот

Роверот Кјуриосити на НАСА за време на својата мисија на површината на Марс откри дека има високи нивоа на метан, пишува Њујорк тајмс.

Откритието може да укаже дека на Марс можеби постојат микробни животни форми.

Метанот често е присутен во повисоки концентрации во воздухот на Земјата како производ од живите суштества, поради што истражувачите ќе погледнат повнимателно и ќе видат дали можат да најдат повеќе докази за да ја поддржат теоријата дека гасот е производ од подземни микроорганизми на Марс.

Ако сè оди според планот, повеќе за овие следни набљудувања треба да дознаеме уште денеска, кога истражувачите очекуваат Кјуриосити да ги прати резултатите од својата нова истражна постапка.

Секое мерливо количество метан откриено од Кјуриосити ќе биде трага за истражувачите на Марс, бидејќи гасот, најверојатно, би требало да е произведен неодамна од некој организам ако читањето е точно, бидејќи инаку би бил природно расчленет во релативно краток временски период на неговите составни делови.

Њујорк тајмс забележува дека ова не е првпат истражувачите да откријат траги од метан на Марс, но ова е највисоката концентрација откриена до денес, а читањата на роверот биле поддржани од Истражувачкиот орбитер на Марс на НАСА, барем привремено.

Ова не е првпат да имаме потенцијален доказ за живот надвор од Земјата, но досега не е откриено ништо што дефинитивно укажува дека Земјата не е единствената планета со услови за живи организми.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе