Руската вселенска агенција

Роскосмос ќе користи технологија на 3Д печатење за изградба на база на Месечината (ВИДЕО)

Руската вселенска агенција Роскосмос планира да ја користи технологијата на 3Д печатење за од прашината да гради структури на Месечината.

Како што се додава во соопштението на Роскосмос, тоа ќе овозможи долгорочни мисии на Земјиниот природен сателит.

Руската агенција соопшти дека проектот ќе опфати „опремување на научните и индустриски објекти со користење на таа технологија и локалните ресурси“.

Роскосмос планира да го имплеметира тој проект до 2040 година, а наведува дека пред тоа ќе испрати космонаути на Месечината. Се планира тоа да се случи до 2030 година.

Последниот екипаж кој слета на Месечината беше тој на мисијата на американскиот Аполо 17, во далечната 1972 година.

Користењето на технологијата на 3Д печатење за создавање база на Месечината го тестира и Европската вселенска агенција (ЕСА), бидејќи е проценето дека создавањето опрема за изградба на Месечината е поевтино од нејзиното транспортирање од Земјата.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе