Вирџин галактик

Ричард Брансон го допре работ на вселената (ВИДЕО)

Возењето на претприемачот до нулта гравитација е пресвртница за неговиот потфат со Вирџин галактик.

Фото: скриншот

Ричард Бренсон утрово го допре работ на вселената, исполнувајќи ја животната амбиција и претркувајќи го ривалот Џеф Безос во трката за отворање на суборбиталниот простор за комерцијален туризам.

70-годишниот основач на Вирџин и уште пет члена на екипажот достигнаа висина од околу 86 километри над пустината во Њу Мексико за да се пробијат во долниот дел на вселената во 9.26 часот по локално време (САД ја сметаат висината од 80 километри за граница со вселената). Нивното вселенско летало „Вирџин галактик“ беше носено нагоре на специјално дизајниран носач, пред да ја испушти својата ракета и да се искачи со тројно поголема брзина од таа на звукот.

Лансирањето следеше по 17-годишни напори придружени со доцнења и разочарувања, при што Бренсон потроши преку 1 милијарда долари од личното богатство.

Од внатрешноста на леталото, Бренсон ова го нарече „епохално искуство“.

Летот се случи девет дена пред основачот на Амазон, Џеф Безос, да тргне повисоко во ракетата изградена од неговата приватна вселенска компанија, Блу ориџин.

Милијардерите сакаат да докажат дека нивните ракетни компании конечно се безбедни за комерцијални операции, отворајќи го суборбиталниот простор како туристичка дестинација.

Беше предвидено Брансон да се приклучи на подоцнежен пробен лет на Вирџин галактик, но денешниот лет беше набрзина најавен пред две недели кога се чинеше дека Безос ќе го победи до нула-гравитацијата.

Во знак на маркетинг-војната за вселенски туристи што претстои, Блу ориџин посочи дека вселенскиот авион на Вирџин галактик не ја достигнува Кармановата црта – точката 100 км над Земјата што ја означува меѓународно признаената граница на вселената.

Брансон пред летот се бранеше дека САД сметаат дека вселената треба да почнува на висина од 80 километри и тврдеше дека патниците на неговата компанија ќе ги поминат истите четири минути во нулта-гравитација како и Блу ориџин.

Но во Њу Мексико, победникот беше Брансон, вели ФТ. Стотици новинари, вработени во компанијата и гости се собраа во мракот пред да се раздени, за да бидат сведоци на неговото лансирање, што е доказ за неговите вештини како маестрален шоумен, кој долго време го користеше својот апетит за лични ризици за полирање на брендот Вирџин. Илон Маск, друг милијардер вселенски претприемач, го посети Брансон во неделата наутро за да му посака среќа и да го гледа лансирањето.

Запрашан по летот дали е важно да се победи во милијардерската вселенска трка против Безос, Бренсон даде убав коментар.

„Тоа всушност не беше трка... Му посакуваме апсолутно сѐ најдобро на Џеф и на луѓето што ќе одат со него на неговиот лет“, рече тој и додаде: „Беше прекрасно кога утрово во 3 часот го најдов Илон во мојата кујна за да ни посака сѐ најдобро.“

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе