Разните видови ајкули учтиво ловат во различни времиња од денот, вели нова студија

Кога станува збор за ловењето, се чини дека ајкулите се однесуваат учтиво, велат истражувачите.

Фото: ЕПА

Пет-шест вида ајкули на брегот на Флорида се забележани како наизменично одат во потрага по својот следен оброк - откритие што е прво од ваков вид, според новата студија.

„Ова е релативно редок начин на споделување ресурси во природата, но во недоволно проучените морски екосистеми може да е почесто отколку што мислиме“, рече Кариса Лир, водечки истражувач на студијата објавена во средата во Кралското друштво, во соопштението од Институтот Хари Батлер на Универзитетот Мурдок во Австралија.

Лир и други истражувачи врзале уреди за мерење активност на шест вида ајкули во близина на Тампа беј и анализирале 3.766 часа податоци од 172 од нив.

„Откривме дека бик-ајкулите се најактивни во раните утрински часови, ајкулите-тигри на пладне, песочните ајкули за време на попладневните часови, ајкулите црноперки во текот на вечерните часови, а ригестите чекан-ајкули и големите чекан-ајкули за време на ноќните часови, единствените два вида со значително преклопување во времето на најголемата активност“, рече Лир.

Па, дали овие ајкули се навистина многу учтиви? Не баш.

Ајкулите практикуваат нешто што се нарекува „сегментна поделба“, што им овозможува на видовите што се натпреваруваат за истите ресурси да коегзистираат, велат истражувачите.

Сегментната поделба може да има неколку форми во природата, на пример или видовите да се фокусираат на различна храна, да се хранат или ловат во различни области или да ротираат со времето за лов или хранење.

Ајкулите во оваа студија ја практикувале последната форма, научно наречена „временска поделба“. Истражувачите велат дека ова е прво забележување морски предатори да ги делат ресурсите со потрага по храна во различни периоди од денот.

„Ова ја намалuva и конкуренцијата за храна и, за некои видови, ги намалува шансите да бидат жртви на поголемите видови“, рече Адријан Глејс, друг водечки истражувач.

Поголемите и подоминантни видови – тигар-ајкулите, бик-ајкулите и големите чекан-ајкули – ловеле во периоди од денот што можеби најмногу им одговараат, велат истражувачите.

На пример, истражувачите велат дека чекан-ајкулите имаат „одличен вид на двете очи“, што им дава предност ноќе, додека за ајкулите-тигар се верува дека трагаат по силуетите на пленот, тактика што бара повеќе светлина.

Во меѓувреме, помалите видови како црноперките ајкули можеби го промениле времето на хранење за да избегнат натпревар со поголемите ајкули.

Морските предатори, вклучително и ајкулите, се важни за здравите екосистеми, велат истражувачите.

„Разбирањето на механизмите што им овозможуваат на морските предатори да коегзистираат ќе ни помогне да ги зачуваме и вратиме здравите морски системи богати со предатори“, рече Лир.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Западот може да му послужи на остатокот од светот како изложба на ужасни и очигледно неуспешни идеи, меѓу кои се и комунизмот, фашизмот, нацизмот, феминизмот, анархизмот и, во последно време, либерализмот.

повеќе

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе