Ова беше трет неуспешен обид на прототипот на ракетата Старшип за која Спејсекс се надева дека еден ден ќе ја испрати на Марс. Претходните две тестни лансирања завршија со пад.
„Предобро меко слетување“, кажа коментаторот на компанијата во преносот на тестниот лет кој беше пренесуван во живот иако леталото набрзо ја зафати пожар.
Неколку минути подоцна ракетата експлодираше, а засега не е дадено никакво објаснување. На снимката се гледа уредното слетување по летот.
Основачот на приватната вселенска компанија Спејсекс, милијардерот Илон Маск, ја развива следната генерација на ракетата Старшип со цел заминување на Месечината и Марс, иако два прототипи експлодираа при пробните летови.
Ракетата Старшип е во центарот на амбицијата на Маск да ги направи вселенските летови подостапни за луѓето.
Последниот прототип, СН10, полета од Бока Чика во Тексас.
Двата претходни прототипи (СН8 и СН9) се урнаа при слетувањето во декември и потоа на почетокот на февруари.
Тестните лансирања се одвиваат во речиси пуста област која ја закупи Спејсекс во јужен Тексас во близина на границата со Мексико и покрај Мексиканскиот Залив. Таа област е доволно голема и празна за несреќа или експлозија да не предизвикаат штета или жртви.