По долгогодишно истражување

Првпат забележана светлина од зад црна дупка, што покажува дека Ајнштајн бил во право

Во најновата студија е користен необичен ефект кога светлината избива околу „црната“ дупка, така што научниците можат да видат што има од другата страна.

Фото: ЕПА

Тим научници, по долгогодишно истражување, забележаа светлина од другата страна на црната дупка, за прв пат во историјата.

Ваквото откритие не само што е неверојатно, туку изгледа и невозможно, со оглед на тоа што црните дупки јадат сѐ што ќе им се приближи, вклучувајќи ја и светлината.

Сепак, експертите тврдат дека такво нешто сепак било можно благодарение на фактот дека во најновата студија се користел необичен ефект каде што светлината еруптира околу црната дупка, за да можат научниците да видат што има од другата страна.

Откритието дојде откако научниците ги испитувале Икс-зраците испуштени во вселената од супермасивна црна дупка. Таа се наоѓа во центарот на спиралната галаксија Цвики, оддалечена околу 800 милиони светлосни години од нас.

Икс-зраците имале невообичаен шаблон - по светлите, блескави икс-зраци, се појавиле помали, ехо-зраци, кои имале различни бои.

Истражувачите наскоро сфатиле дека ехото пристигнува од зад супермасивната црна дупка, која, како што предвиде Ајнштајновата теорија за општа релативност, го искривува простор-времето, овозможувајќи светлината да патува околу црната дупка.

Изгледаа како да се насочени од другата страна на црната дупка, забележа астрофизичарот од Универзитетот Стенфорд во Калифорнија, Ден Вилкинс, во соопштението.

Бидејќи црните дупки ја уништуваат светлината, Вилкинс објаснува дека секоја светлина што ќе влезе во црната дупка не излегува од неа, па затоа не би требало да можеме да видиме што има зад црната дупка.

Сепак, ова е поинаква, помалку позната карактеристика на црните дупки, која покажа дека може да се видат икс-зраците, а Вилкинс додава: „Причината поради која можеме да ја видиме светлината е дека црните дупки го искривуваат просторот, прекршувајќи ја светлината и извртувајќи ги магнетните полиња околу себе.“

Постоењето на светлина од другата страна на црните дупки беше предвидено со теоријата на релативноста на Ајнштајн, но досега тоа никогаш не беше видено. Затоа новото откритие е многу важно за идните истражувања.

Ајнштајновата теорија за општа релативност опишува како масивните објекти можат да го искриват ткивото на вселената, наречено простор-време. Гравитацијата, откри Ајнштајн пред повеќе од 100 години, во 1915, не е произведена од невидена сила, туку едноставно е нашето искуство на искривувањето на простор-времето во присуство на материја и енергија.

Овој закривен простор, пак, ги поставува правилата за тоа како се движат енергијата и материјата. Иако светлината патува по права линија, светлината што патува низ мошне искривениот регион на простор-времето, како просторот околу црната дупка, исто така, ќе патува во кривина - во овој случај од нејзината задна до нејзината предна страна.

Ова не е првпат астрономите да забележат црна дупка што ја искривува светлината, наречено гравитациска леќа, но ова е првпат да видат ехо од светлина од просторот зад црната дупка.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе